Младата одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години не успеа да дојде и до втора победа на Балканското првенство во Бања Лука. По вчрашниот триумф во пет сета над Босна и Херцеговина, избраниците на селекторот Деан Стојанов денеска беа поразени по голема борба од селекцијата на Романија.
Во интересен и неизвесен натпревар во пет сета со многу пресврти, Македонија загуби со 2:3 (25:19, 25:27, 30:28, 20:25, 12:15) во второто коло од групата „А“.
И покрај поразот нашите надежи се во игра за пласман во полуфиналето. Утре, во последното коло, во терминот од 15:30 Македонија ќе се соочи со Турција.