Актуелниот македонски првак, Пелистер и во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампиони. Битолчани се во групата Б каде што се уште и екипите на европскиот првак Магдебург, потоа Барса и ПСЖ, но и ПИК Сегед, Висла Плоцк, Загреб и ГОГ Гудме.
ЕХФ го објави официјалниот распоред. Првиот меч во новата сезона ракометарите на Пелистер го играат на домашен терен, го пречекуваат тимот на Загреб (10/11 септември), додека во второто коло играат против ПСЖ на гости.
Барселона во Битола ќе дојде во октомври, додека пак на крајот на ноември ќе гостува актуелниот првак, Магдебург.
Комплетниот распоред можете да го видите на следниот ЛИНК.