Седлоски: Измените ја направија разликата

362

Екипата на Вардар вечерва на Ареанта Тодор Проески во Скопје во рамките од првото квалификациско коло од Лигата на Конференции го совлада ривалот од Сан Марино, Ла Фиорита со 3:0, и на тој начин обезбеди сигурна предност пред реваншот на 17 јули.

Вардар промашуваше во првиот дел, но потоа наплати за се во второто полувреме. По само една минута во вториот дел Омераги погоди за водство, а потоа Јанкулов и Мато во само две минути создадоа предност од 3:0.

„Во првиото полувреме влеговме како во грч, некои играчи прв пат играат европски мечеви. Ваквите ривали се незгодни може од една шанса да дадат гол. Задоволен сум како одигравме, измените кои ги направивме донесоа разлика на теренот. Некој да ни кажеше 3:0 пред мечот сигурно ќе прифатев. Ова е прво полувреме, нема да се опуштиме и во реваншот одиме да го завериме пласманот понатаму“, вели Седлоски

ПретходноБРАВО ВАРДАРЕ: Вака се игра во Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЈанкулов: Најважна е победата и сочуваната мрежа