Стефан Ристовски ќе продолжи во Сараево

264

Еден од првите потези на Крсте Велкоски сега веќе како функционер на ФК Сараево, онаму каде што е жива легедна, е да го доведе Стефан Ристовски како засилување.

Нашиот интернационалец летово си замина од Динамо Загреб, но и покрај понудите од Блискиот исток, сепак се реши да остане блиску. На Балканот.

Потпишува искусниот десен бек за Сараево, за тимот кој што очигледно летово покажува сериозни амбиции, но и буџет штом може да се дизволи да го доведе и Ристовски.

Имаше опции Ристовски дури и да се врати во матичниот клуб Вардар, но во разговорот за Спортспорт, тој истакна дека ете во моментов не се решава за такво нешто иако остави простор тоа да се случи во некој следен преоден рок.

 

ПретходноБилетарата на Арената отвора во 15:00 часот
СледноРаботнички знае што го чека вечерва на гости кај Торпедо-Белаз!