Пред почетокот на вториот дел од Европското првенство Дивизија Б, ФИБА ги одбра кандидатите за МВП признанието. Иако македонската репрезентација до 18 години се бори за пласман од 17 до 20 место, сепак во конкуренција влезе најдобрата наша кошаркарка, Ања Начевска.
Станува збор за ќерка на поранешниот фудбалер, Драган Начевски, кој е во стручниот штаб на ФК Вардар. Ања има просек од 16,4 поени, 11,8 скока и една асистенција на пет одиграни натпревари. Таа на четири од пет меча има дабл-дабл учинок.
Гласањето можете да го извршите на овој ЛИНК.
Македонија после четирите порази во групната фаза денеска ја запиша првата победа, славеше против Австрија со 78-70, а Начевска постигна 23 поени и 17 скока.