Енис Барди нема намера да ја менува Турција. Нашиот репрезентативен капитен, досегашен фудбалер на Бодрум, барем според медиумите во таа земја веќе има договор со Коњаспор. Се очекува во текот на денешниот ден истиот да се официјализира откако Барди ќе ги мине лекарските прегледи.
Тој досега во Турција играше за Трабзонспор, каде за 2,5 години забележа 97 настапи, 13 голови и 7 асистенции. Додека за Бодрум ја одигра втората половина од минатата сезона и на 18 меча постигна два гола и забележа три асистенции.
Познато е дека пред да дојде во Турција, Енис Барди неколку сезони блескаше во Леванте.
Ова лето за неговите услуги имаше интерес од клубови од Шпанија, Италија, но сепак тој се одлучи да не мрда од Турција и да ја прифати понудата на Коњаспор.