Марјан Илиевски го објави поширокиот список за претјвалификациите за СП

234

Марјан Илиевски, селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија го одреди списокот на играчи на кои кои ќе смета во наредниот период, поточно за втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп кој во 2027 година ќе се одржи во Катар.

Селекторот Илиевски постави 26. играчи на пошироката листа на кандидати која ќе биде доставена во Светската кошаркарска федерација. Веќе е познато дека голем дел од кошаркарите на овој список нема да му бидат на располагање, како Ненад Димитријевиќ, Војдан Стојановски и Андреј Маслинко, едни од лидерите од претходните циклуси. Во овие претквалификации, Македонија во составот ќе нема ниту Американец.

Одреден е почетокот на подготовките за августовскиот ФИБА „прозорец“ во која нашата најдобра селекција ќе настапува во групата „А“, во која се уште и селекциите на Романија и на Унгарија.

Првиот собир е закажан за 14.јули (понеделник), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 18.часот.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ЗА НАСТАП ВО СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКИОТ КУП 2027 ВО КАТАР

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Андоновски – МЗТ Скопје Аеродром

Марко Миловановиќ – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Работнички

Дамјан Робев – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Амар Хот – Работнички

Андреј Шошкиќ – Работнички

Валмир Какруки – Чаир 2030

Адем Мекиќ – Бора (Косово)

Теодор Симиќ – Кожув

Страхил Николов – ТФТ

Лука Стојановски – Пелистер

Андреј Митревски – Феникс 2010

Стефан Стојковиќ – Феникс 2010

Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)

Кристијан Николов – Чеди Осман БК (Турција)

Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)

Никола Јаничиќ – Водно Санс

Марко Луканоски – Игокеа (БиХ)

Лука Савичевиќ – Лафајет Леопардс (САД)

Андреј Јакимовски – Тренто (Италија)

Рубин Стефанов – Унибаскет Ланчиано (Италија)

СЕЛЕКТОР: Марјан Илиевски

ПретходноМодриќ со трогателна порака до Перез, играчите и навивачите!
СледноАња Начевска во конкуренција за МВП признанието на ЕП Дивизија Б!