Новак немоќен, Синер обезбеди прво финале на Вимблдон

189
фото: Wimbledon (X)

Светскиот рекет број 1, Јаник Синер е вториот финалист на Вимблдон, откако вечерва во второто полуфинале убедливо со 6:3, 6:3, 6:4 го совлада најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ.

Синер денеска покажа дека е подготвен за голема пресметка со Ѓоковиќ, но Србинот како да немаше сили за овој дуел. Италијанецот за првпат во својата кариера стигнува до финалето на најпрестижниот Грен Слем турнир обезбедувајќи ја шестата последователн апобеда во дуелите со Ѓоковиќ, по онаа во последното полуфинале на Ролан Гарос.

Противник на Синер во неделното финале на централниот терен на Сеанглискиот клуб ќе биде шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.

ПретходноУбедлив пораз од Турција: Младите одбојкари ќе се борат за пласман од 5. – 8. место
СледноЃокерес не се појави на подготовките на Спортинг, Арсенал се уште не го затвори трансферот