Српскиот фудбалски суперлигаш, ОФК Београд, вечерва го промовираше нашиот голман Марко Алчевски како свое најново засилување. Алчевски пристигна во Белград од Израел скаде настапуваше за екипата на Хапоел Ерусалим.
23-годишниот Алчевски доаѓа на „Карабурма“ на едногодишна позајмица од израелскиот клуб. Тој веќе има 17 настапи за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и се уште чека прв сениорски настап.
Алчевски му се придружува на нашиот репрезентативен бек Стефан Деспотовски, кој веќе една полусезона мина во редовите на белградскиот состав.