Селекторот Пауновиќ со проверени сили против Австрија и Грција

52
Фото: https://vfmkd.org.mk/

Нема промени во изборот на репрезентативките на селекторот на женскиот национален тим Стефан Пауновиќ во пресрет на стартот на подготовките за евро-квалификациските дуели со Австрија и Грција.

Од поширокиот список на кој се најдоа 24 одбојкарки, селекторот веднаш го „скрати“ на 18 девојки, кои на 20 јули на пладне треба да се стават на располагање во Маврово, на почетокот на подготовките за квалификациите за ЕП 2026.

Пауновиќ се потпира на веќе проверени сили, со оглед на тоа дека сите овие одбојкарки беа дел од претходната акција, односно настапија во некој од шестте натпревари од Европската Сребрена лига минатиот месец. Исклучок се коректорите Мери Бошковска, која поради повреда го пропушти комплетното учество, односно Андротеа Милевска, која ги одработи подготовките со А селекцијата, а потоа ја предводеше репрезентацијата до 19 години на Балканскиот шампионат во Тирана, Албанија.

ПретходноЕве што напишаа на ФБ аматерите од Андора, откако го декласираа Борац среде Бања Лука!(ФОТО)
СледноМодриќ со трогателна порака до Перез, играчите и навивачите!