Убедлив пораз од Турција: Младите одбојкари ќе се борат за пласман од 5. – 8. место

46
фото: balkanvolleyball.org

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години загуби од Турција во мечот од 3. коло на Балканското првенство во Бања Лука. Нашите млади одбојкари денеска го одигра анајлошиот меч на првенството и не успеаја во ниту еден од трите сета посериозно да му се спротивстават на ривалот, кој славеше со 0:3 (15:25, 9:25, 11:25).

Турција со настапите на ова Балканско првенство покажа дека е прв фаворит за златото. На натпреварите во групата со 3:1 ја совлада Романија, а против биХ славеше со 3:0.

Македонија го освои третото место во групата и сега ја очекува битка за пласман од 5. до 8. место.

 

ПретходноУЕФА одлучи: Кристал Палас оди во Конференциска лига, Нотингем Ф. ќе игра во Лигата на Европа!
СледноНовак немоќен, Синер обезбеди прво финале на Вимблдон