Ѓоковиќ: Во прашање се годините, немам сила за натпревари во три освоени сета!

519
фото: Wimbledon (X)

По денешниот убедлив пораз од Јаник Синер во второто полуфинале на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред новинарите ги сумираше впечатоците од настапот и поразот во овој дуел.

Новак во мечот влезе повреден, а по завршувањето на вториот сет мораше да добие медицинска помош поради проблем со левата нога.

„Имав многу проблеми. Не се чувствував удобно на теренот. Не сакам да зборувам детално за повредата и да се жалам дека не можам да играм онака како што знам. Само сакам да му честитам на Јаник за неговата игра“.

За тоа дали денеска и среќата не му одеше во прилог, Ѓоковиќ изјави:

„Не мислам дека е лоша среќа, едноставно во прашање се годините. Телото е истрошено… Без разлика колку се грижам за тоа, тоа е реалност, во последните година и пол го почувствував како никогаш досега. Тешко ми е да го прифатам тоа, бидејќи мислам дека кога сум здрав, сè уште можам да играм навистина добар тенис. Го докажав тоа оваа година, но мислам дека играњето натпревари во три освоени сета оваа година е вистински проблем за мене, физички. Колку подолго трае турнирот, толку е полоша мојата ситуација. Успевам да стигнам до финалето, секогаш стигнував до полуфиналето на грен слем турнирите оваа година, а потоа се соочувам со Синер или Алкараз… Тие се подготвени, млади, остри“, додаде Новак.

ПретходноМакаби ТА следната сезона во Евролигата ќе биде домаќин во Дубаи?
СледноОфицијално: Ливерпул го повлече дресот со број 20 на сите нивоа во клубот! (ВИДЕО)