Конечно победа на нашата У-18 женска кошаркарска селекција на ЕП Б дивизија и тоа против Австрија со 78:70 кое се игра во Литванија.
Откако во групната фаза јуниорките беа поразена на сите натпреваи, утринава во меч за разигрување за последните места на овој шампионат, одиграа сосема солидно и забележаа победа против сбоите врснички од Австрија.
Блескаше Ања Начевска за 23 поени, а добра партија пружија Колева и Пислевска со по 14 поени.
Македонија ја доби првата чтвртина со плус еден поен 20:19. Австријките беа подобри во втората и третата четвртина, но во последната во која се решаваше победникот на оваа средба, младите македонски кошаркари одиграа сосема добро и успеаја да ја добија со 21:11. Тоа беше сосема доволно победа на крајот од 78:70 за Македонија.