Ентони Еланга и официјално е нов фудбалер на Њукасл. Тој доаѓа на „Ст. Џејмс Парк“ од екипата на Нотингем Форест каде зад себе имаше една одлична сезона.
23-годишниот играч од средниот ред потпиша долгорочен договор со „страчките“ вреден 55 милиони фунти, како што беше претходно објавено.
Во изминатата сезона Еланга постигна 6 гола и имаше 11 асистенции во 38 натпревари во Премиер лигата.