Алкараз го избори третото финале по ред на Вимблдон

63
Фото: Вимблдон Х

Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Вимблдон, откако славеше против Тејлор Фриц со 3-1 по сетови (6-4, 5-7, 6-3 и (7-6(8/6)) во меч кој траеше два часа и 51 минута. Шпанскиот тенисер за противник во битката за одбрана на трофејот ќе се бори против подобриот од дуелот меѓу Синер и Ѓоковиќ. Ова ќе биде трето финале по ред за младиот тенисер.

Алкараз го отвори мечот според очекувањата, го доби првиот сет со 6-4, го искористи загубениот сервис на противникот на стартот. Во вториот сет кој беше доста изедначен, Шпанецот во клучните моменти загуби на свој сервис и Фриц успеа да изедначи на 1-1.

Сепак Алкараз успеа да го врати водството веќе во третиот сет 2-1. Во четвртиот сет следеше вистинска битка, па победникот се решаваше во тај-брејк, а таму подобар беше бранителот на тронот со 8-6.

ПретходноРФМ воведува избор за најдобри!
СледноЧаби Алонсо го молел Перез за Модриќ