Нотингем Ф. донесе засилување од бразилски Ботафого

32

Нотингем Форест го ангажираше Жаир Куња од Ботафого. 22-годишниот дефанзивец потпиша петгодишен договор до летото 2030 година.

Играчот се приклучи на тимот од Премиер лигата по враќањето од Светското клупско првенство.

Жаир играше во Сантос од 10-годишна возраст пред да се пресели во Ботафого во февруари 2025 година. Централниот бек има искуство и играјќи за младинската репрезентација на Бразил, со која ја освои титулата во Јужна Америка до 20 години.

ПретходноОфицијално: Алчевски е нов голман на ОФК Београд