Официјално: Алчевски е нов голман на ОФК Београд

163

Српскиот фудбалски суперлигаш, ОФК Београд, вечерва го промовираше нашиот голман Марко Алчевски како свое најново засилување. Алчевски пристигна во Белград од Израел скаде настапуваше за екипата на Хапоел Ерусалим.

23-годишниот Алчевски доаѓа на „Карабурма“ на едногодишна позајмица од израелскиот клуб. Тој веќе има 17 настапи за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и се уште чека прв сениорски настап.

Алчевски му се придружува на нашиот репрезентативен бек Стефан Деспотовски, кој веќе една полусезона мина во редовите на белградскиот состав.

ПретходноПрвиот човек на ФИА најави: Формула 1 во иднина треба да се прошири и со 12-ти тим
СледноНотингем Ф. донесе засилување од бразилски Ботафого