Првиот човек на ФИА најави: Формула 1 во иднина треба да се прошири и со 12-ти тим

27

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, зборуваше за можното понатамошно проширување на списокот на тимови во Формула 1 и најави дека не ја исклучува можноста за влез на 12-ти тим во шампионатот во иднина.

„Сè уште мислам дека треба да го зголемиме бројот на тимови, а не бројот на трки во една сезона. Возачите доаѓаат кај мене и ми велат: „Ве молам, да нема повеќе трки. Кога го отворивме тендерот во 2023 година, врз што се темелеше исходот? На усогласеноста со процесот и компетентноста на оние што поднесоа апликации. Без разлика која компанија ја поднесува апликацијата – главната работа е таа апликација да е во согласност со барањата на ФИА. Сега имаме 11-ти тим во Ф1. Мислам дека треба да го разгледаме нивото на перформанси на овој тим,  а потоа, ако друг тим – на пример од Кина – сака да аплицира, дефинитивно ќе разговараме за тоа“, изјавил првиот човек на ФИА.

ПретходноЊукасл се пофали со ново засилување, пристигна Еланга
СледноОфицијално: Алчевски е нов голман на ОФК Београд