Пред денешното полуфинале: “Кој верува во чист спорт ќе навива за Новак!“

148

Денеска некаде после 17 часот спектакл на Вимблдон, полуфинале кое сите го очекувавме. Во битка за големото финале, се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер. Србинот е најдобриот на сите времиња и го посакува токму сега на овој турнир својот 25-ти гренслем трофеј, додека Италијанецот, кој дотука дојде со невидена среќа по оној меч со Димитров, е најдобар според АТП листата.

Познато е се она поврзано со допинг скандалот во врска со Јаник Синер, тој и беше суспендиран на три месеци, но во пресрет на денешното полуфинале, и онака зовриената атмосфера дополнително ја подигнаа медиумите во Англија, а посебно Дејли Мејл со својот коментар:

Кој верува во чист спорт ќе навива за Новак Ѓоковиќ и ќе се надева дека Србинот ќе победи“…

По ова Италијанците збеснаа. Медумите во таа земја и тоа како имаа што да кажат.

Сепак, Синер беше “фатен“ и затоа беше суспендиран!

Во секој случај очекуваме спекткакуларно полуфинале.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ/Х

ПретходноШкендија ги пушти во продажба билетите за реваншот со ТНС!
СледноМаџунков се враќа, познат списокот на Миленкоски за европските квалификации!