РФМ воведува избор за најдобри!

143

Раководството на Ракометната федерација на Македонија на брифингот со новинари најави неколку новитети кои наскоро треба да добијат и реализација.

Генералниот секретар, Влатко Тасевски откри дека планираат да се воведе избор на најдобар ракометар и ракометарка. Истиот е планирано да се одржи во месец ноември, а целта е јасна да се наградат сите кои во текот на годината придонеле за македонскиот ракомет.

„Сакаме во ноември да направиме избор за најдобар ракометар и ракометарка. Нашата цел е да се наградат, поточно да им се оддаде признание на сите кои во текот на годината работеле“, најави генералниот секретар на РФМ. 

ПретходноХанси Флик дал „зелено светло“ за Рашфорд
СледноАлкараз го избори третото финале по ред на Вимблдон