Хаос за време на европскиот меч на ФК Вардар: Три лица се приведени поради напад на полиција

2878

СВР Скопје во својот билтен објави дека по завршување на мечот меѓу ФК Вардар и Ла Фиорита во рамките на првото коло во Конференциската лига биле уапсени три лица.

Хаос беше пред почетокот на мечот, а истиот продолжи за време и по завршување. За дел од неспортското навивање ќе плати на крајот и ФК Вардар, бидејќи во Европа не се толерира „дивеење“.

Има и такви кои ги поминаа гранциите. Трите лица се приведени зошто со тврди предмети фрлале кон полициски службеници, лица во публиката и по учесници на натпреварот.

ПретходноАња Начевска во конкуренција за МВП признанието на ЕП Дивизија Б!
СледноХанси Флик дал „зелено светло“ за Рашфорд