Дали македонскиот репрезентативен напаѓач, Лирим Ќамили (27), својата кариера ќе ја продолжи во Бугарија, во тимот на ЦСКА Софија? Имено медиумите во Данска и Бугарија пренесуваат дека „армејците“ му нудат на Сондерјиске сума од 600.000 евра со цел да го доведат Ќамили во Софија.
Засега нема позитивен одговор од Сондерјиске, целта била да се дојде до договор за поголема сума, но трансферот можел и да пропадне ако се знае дека ЦСКА дала кус рок за да се дојде до решение.
Ќамили, кој е роден во Данска, целата своја досегашна кариера ја има минато во таа земја, евентуален трансфе во Бугарија ќе му биде прв интернационален предизвик.
Со оглед на тоа дека во изминатата сезона тој навистина одигра одлично, покрај ЦСКА за него имаше интерес и од други клубови, посебно од Скандинавија.
ФОТО: ФЦ Сондерјиске/ФБ