Како што информираат од таборот на шампионот, од утринава се пуштени во продажба билетите за реванш средбата од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Шкендија и ТНС. Тие ќе чинат по 300 денари и може да се купат онлајн преку мрежата на мктикетс а може да се купат и во Тобако Монако во Тетово.
Вообичаено, на денот на одигрување на натпреварот, секој ќе може да си купи билет и на билетарата на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, каде и ќе се одигра овој меч во вторник со почеток од 20 часот.
Шкендија има убава шанса да се пласира во следната рунда, ако се знае дека на првиот меч во Велс резултатот беше 0:0. Значи на тетовци им одговара било каква победа за да одат натаму во квалификациите во Лигата на Шампионите.
ФОТО: КФ Шкендија