Барди денеска потпишува за Коњаспор!

375

Енис Барди нема намера да ја менува Турција. Нашиот репрезентативен капитен, досегашен фудбалер на Бодрум, барем според медиумите во таа земја веќе има договор со Коњаспор. Се очекува во текот на денешниот ден истиот да се официјализира откако Барди ќе ги мине лекарските прегледи.

Тој досега во Турција играше за Трабзонспор, каде за 2,5 години забележа 97 настапи, 13 голови и 7 асистенции. Додека за Бодрум ја одигра втората половина од минатата сезона и на 18 меча постигна два гола и забележа три асистенции.

Познато е дека пред да дојде во Турција, Енис Барди неколку сезони блескаше во Леванте.

Ова лето за неговите услуги имаше интерес од клубови од Шпанија, Италија, но сепак тој се одлучи да не мрда од Турција и да ја прифати понудата на Коњаспор.

ПретходноРеал и Бенфика се договориле: Карерас за 50 милиони оди на „Бернабеу“
СледноЦСКА Софија нуди 600.000 евра за Лирим Ќамили!