Еве што напишаа на ФБ аматерите од Андора, откако го декласираа Борац среде Бања Лука!(ФОТО)

692

Зарем некој можеше да поверува дека ланскиот хит во Европа, тимот на Борац Бања Лука кој стигна до 1/4 финалето во Лигата на Конференции, синоќа на свој терен ќе бидат декласиран на свој терен со 1:4 и тоа од Санта Колома, аматерски клуб од Андора.

Интересно е тоа што екс стратегот на Шкупи, Младен Жижовиќ, го остави на клупата својот прв голман Дамјан Шишковски, па можеби тоа и му се одмазди.

Колку е овој пораз шокантен најдобро кажуваат коефициентите во обложувалниците кои пред мечот ставија 1.10 на победа на Борац.

Инаку по мечот и тоа како шмекерски потег на аматерите од Андора кои на официјалниот ФБ профил, оваа победа ја искоментираа кусо…

Без зборови“…

ПретходноСпектакл на “Бомбоњера“: Паредес се врати дома!(ВИДЕО)
СледноСелекторот Пауновиќ со проверени сили против Австрија и Грција