По катастрофалниот пораз од ПСЖ (0:4) во полуфиналето на Светското клупско првенство раководството на Реал (М) е на пат да се ослободи од тројца фудбалери во тимот. Според шпански извори, Лука Модриќ не е последниот кој го напушта тимот ова лето, затоа што Чаби Алонсо посочил уште три имиња кои нема да му требаат за следната сезона.
Станува збор за Родриго, Дани Себалос и Брахим Дијаз. Алонсо не ги гледа овие тројца во комбинациите за следната сезона и му посочил на раководството клубот да се обиде да заработи со нивна продажба.
Родриго одигра само 93 минути за време на целото Светско клупско првенство, Брахим Дијаз, без оглед на неговата енергија и претходни испади, беше тргнат настрана, а играчот од средниот ред Себалос доби само 70 минути на четири натпревари на Светското клупско првенство.