Раководството на Ракометната федерација на Македонија на брифингот со новинари најави неколку новитети кои наскоро треба да добијат и реализација.
Генералниот секретар, Влатко Тасевски откри дека планираат да се воведе избор на најдобар ракометар и ракометарка. Истиот е планирано да се одржи во месец ноември, а целта е јасна да се наградат сите кои во текот на годината придонеле за македонскиот ракомет.
„Сакаме во ноември да направиме избор за најдобар ракометар и ракометарка. Нашата цел е да се наградат, поточно да им се оддаде признание на сите кои во текот на годината работеле“, најави генералниот секретар на РФМ.