У-20 ЕП: Македонија на „полувреме“ имаше +3, но сепак на крајот со убедлив пораз од Холандија!

89

Пораз на стартот за нашата У-20 селекција на ЕП Б дивизија во Ереван, и тоа од Холандија со 58:78.

Штета, ако се знае дека на полувреме Македонија имаше предност од +3 поени.
Се тргна добро за нашите млади кошаркари. Првата четвртина ја добивме со 20:19, а втората со 14:12.

Во третата момците на селекторот Горан Самарџиев донекаде добро се држеа, но затоа во последната четвртина драстичен пад на нашите или подобро кажано одлична игра на Холанѓаните и на крајот убедлив пораз од минус 20 поени разлика и тоа само благодарение на последниот период кој го згубивме со 18 поени разлика 10:28.

Инаку ова беше меч од 1.коло во групата а веќе утре го играме вториот меч и тоа против Австрија со почеток од 19 часот. Ете шанса за поправен, а денешниот пораз нека се сфати како убава лекција.

Што се однесува до поентерите, кај нашата селекција најефикасен беше Кириловски со 14 поени, Лукановски имаше еден помалку,

а Стојковиќ 9 поени.

ФОТО: КФСМ/ФБ

ПретходноНекогашниот капитен на Ливерпул се врати во Премиерлигата, ќе го носи дресот на Брентфорд!
СледноЈуниорките ја победија Австрија!