Алекса Јовановиќ ќе биде следното засилување за МЃП

258

Екипата на Македонија ЃП полека го комплетира составот за следната овојпат ПМФЛ сезона.

Тимот од Ѓорче Петров доведе неколку квалитетни домашни засилувања, од типот на Јанков, Елмас, Талаков, а сега се врти и на интернационалниот пазар.

Првото надворешно засилување за екипата ќе биде стоперот од Србија, Алекса Јовановиќ.

Некогашниот младински репрезентативец на Србија последно има настапувано за тимот на Графичар, а бил дел и од Инџија, Раднички Ниш и Бор.

Има 26. години и е висок 191 сантиметар.

 

ПретходноСтенли Дејвис е новата аквизиција на ТФТ Скопје
СледноМаркес ја има пол позицијата во Германија