Европската одбојкарска конфедереција за во вторник (15 јули) точнo на пладне ја закажа ждрепката за новата сезона во сите европски клупски натпреварувања. Секако, во прв план е новата сезона во најсилната Лига на шампиони и во машка и во женска конкуренција, каде и оваа година Македонија ќе има свои преставници.
Шампионот во машка конкуренција, Струмица, се пријави за најсилното натпреварување веќе четврта година по ред, додека својот деби настап во најсилната женска конкуренција ќе го има нашиот годинеен првак, Јанта Волеј.
Во вторник ЦЕВ ќе направи ждрепка и на преостанатите два купа, Купот на ЦЕВ и Челинџ Купот. Македонија ќе има уште три преставника во третото по ранг натпреварување, Челинџ Купот и тоа уште од првата елиминациска рунда. Кај мажите тоа ќе биде Штип УГД, додека кај дамите Наковски Волеј и Работнички.