Реал и го продаде Обрадор на Бенфика, сега на ред е Карерас на „Бернабеу“

126
фото: SL Benfica (X)

Бенфика и официјално го доби 21-годишниот дефанзивец Рафаел Обрадор од Реал Мадрид. Според „Ас“, трансферот изнесувал 5 милиони евра.

Претходно беше објавено дека Обрадор ќе биде дел од договорот за доведување на 22-годишниот дефанзивец Алваро Карерас од Бенфика во Реал Мадрид. Португалскиот клуб потпиша 5-годишен договор со младиот Обрадор, до 2030 година.

Минатата сезона, Шпанецот играше за Депортиво и имаше 33 настапи во Сегунда. Сега останува да се почека финализирање и на трансферот на Карерас на „Бернабеу“.

ПретходноСветскиот првак со Аргентина ја одлежа суспензијата и потпиша за италијански второлигаш
СледноЕве како ќе изгледа АБА-лига: МЗТ Скопје нема сили за ваков предизвик