Тилман официјално во Баер, клубот го сруши сопствениот трансфер рекорд

93

Досегашниот играч на тимот на ПСВ Ајндховен, Малик Тилман, и официјално стана дел од екипата на БАер Леверкузен.

Американскиот интернационалец, е доведен како замена за Флоријан Вирц, кој што е добро познато дека замина во екипата на Ливерпул.

Тилман го чини тимот на Баер цели 35 милиони евра, што ќе рече дека тој е најскапиот играч кој овој клуб го довел во своите редови.

Напаѓачот се обврза на соработка до 2030 година.

ПретходноРистовски веќе тргна со Сараево
СледноСимева ја одбрани шампионската титула