Четирикратната олимписка шампионка Сидни Меклафлин-Леврон откри дека веќе размислува да ја заврши атлетската кариера. Една од најголемите ѕвезди во светската атлетика отворено проговори за своите идни цели и призна дека повеќе не ја гледа атлетиката како централен
„Почнав да трчам кога имав шест години, па сега се речиси 20 години. Трчам професионално веќе седум години. Постигнавме многу, но чувствувам дека мојот живот не е само атлетика“, рече 25-годишната Американка, која во последните години доминираше на трките на 400 метри со пречки.
Таа вели дека сака да ужива во овој период додека го има, бидејќи почетокот на нејзината кариера бил неверојатно исполнет и постигнала многу врвни успеси. Но, таа исто така сфаќа дека нема да го прави ова во следните десет години.