Јувентус испрати прва понуда за Санчо, Манчестер Ј. тактизира

100
Фото: ФЦ Челзи/Твитер

Јувентус му понудил на Манчестер Јунајтед сума од 10 милиони евра + 5 милиони евра како бонуси за потписот на Џејдон Санчо. Торинскиот клуб продолжува да го следи 25-годишниот крилен напаѓач, но засега нема конкретни информации за текот на преговорите.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Јуве му понудил на Манчестер Јунајтед 10 милиони евра, кои не ги задоволуваат барањата на „црвените ѓаволи“, но со бонусите би можело да се наде и причина за преговори.

Џејдон ја помина минатата сезона на позајмица во Челзи, постигнувајќи пет гола и имајќи десет асистенции во 42 настапи во сите натпреварувања за „сините“.

ПретходноЕве како ќе изгледа АБА-лига: МЗТ Скопје нема сили за ваков предизвик
СледноЈуниорите денеска против Грција на Балканското првенство