Селтик останува сериозно заинтересиран да го врати Бојан Миовски во шкотската Премиер лига , но сега се соочува со силна конкуренција од Германија. Фрајбург и повратникот во Бундеслигата, Хамбург исто така се заинтересуирани за македонскиот репрезентативец.
Миовски беше клучен играч за Абердин, постигнувајќи 44 гола на 98 натпревари пред да се пресели во Џирона минатата година. Сепак, неговиот престој во Шпанија не одеше како што треба, па Џирона сега е отворена за продажба на Миовски. Неколку клубови низ Европа внимателно го следат трансфер пазарот во Ла Лига, а Селтик прв покажа сериозен интерес да го врати Македонецот во Шкотска.
Германски Фрајбург има искуство во развојот на играчи, додека Хамбург се враќа во Бундеслигата по седумгодишно отсуство и се стреми да го засили својот состав. И двата клуба имаат поддршка и амбиција да се натпреваруваат за потписот на Миовски. Се верува дека Џирона за Миовски сака да ја добие сумата која му ја плати на Абердин минатото лето, но со оглед на тоа што неговата форма опаѓа, се смета дека цената на Миовски е околу 2,5 милиони фунти. Тоа би била сосема разумна цена за Селтик, но ќе мора брзо да реагираат.