Секако дека по оние 3:0 во Скопје против Ла Фиорита, Вардар е на чекор до пласман во следната втора рунда во квалификациите во Лигата на Конференции.
Реваншот се игра во четврток (17 јули) од 21 часот во Сан Марино.
Правдата ќе ја делат судии од Велс на чело со Арон Вин Џонс, додека за него помошници се одредени Мартин Робертс, Џордан Ли Кристофер и Брин Маркам-Џонс.
Работнички реваншот со Торпедо – Белаз, првиотмеч заврши со 3:0 за Белорусите, исто го игра на 17 јули, но на Арената “Тодор Проески“ од 18 часот.
За главен судија одреден е Јон Орлик од Молдавија, а негови помошници ќе бидат Анаталиј Басиул, Денис Оала и Станислав Леу.
Силекс на 17 јули од 19 часот на стадионот на ФФМ, ќе го одигра реваншот со Дечиќ, првиот меч заврши со резултат 2:0 за Црногорците. Овој реванш натпревар од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе го суди Викрор Шумусик од Белорусија, ќе му помагаат Шарни Касаветс, Антон Гусев и Ихар Шумулау.
Шкендија во вторник (15 јули) на Арената во Скопје од 20 часот, ќе го одигра реванш мечот од 1.квалификациско коло во ЛШ против ТНС. Како што е познато првиот меч во Велс заврши без голови, па ете убава шанса тетовци да ја минат оваа пречка.
Главен судија на овој реванш натпревар ќе биде Сајат Карабев од Казахстан. Него ќе му помагаат Јури Тихонјук, Дмитри Белоградов и Арман Исмуратов.