Луис Енрике: Немам его, се водам од критиките кон мене

32

Светското клупско првенство е на крајот, остана уште да се одигра финалето. Во него ќе се сретнат екипите на Челзи и на ПСЖ, а мечот се игра утре од 21:00 часот во Њу Џерси.

За ПСЖ евентуалниот триумф би бил уште еден успех во серијата кои се случија во последно време. Тренерот Луис Енрике смета дека тимот е подготвен за предизвикот и дека посакува нов успех.

„За моите играчи, сè е сензационално. Работиме многу ефикасно и ова е неверојатна година. Испишавме историја и сакаме да продолжиме да ја пишуваме историјата со победа на последниот натпревар. Ако требаше да ја анализирам целата сезона, би рекол дека беше исклучителна“, започна тренерот на ПСЖ, а потоа се осврна на самиот себеси и неговиот карактер како личност.

„Немам карактер на ѕвезда. Го сакам она што го правам, уживам во него. Во таа смисла, убаво е кога работите функционираат, особено поради способноста на нашата работа да ги прави луѓето среќни. Бев многу подобар во моменти кога бев остро критикуван. Начинот на кој се развија работите во таа смисла, повеќе ме мотивираат критиките отколку пофалбите. Ова може да биде најдобрата сезона во мојот живот како тренер, но морам да го добијам натпреварот утре за да го завршам. Најважно е да го добијам натпреварот и да дадам 100 проценти од себе“, продолжи Енрике па додаде.

„Нормално пофалбите и признанието доаѓаат кога победувате. Земете го најдобриот тим од оваа деценија, Манчестер Сити на Пеп Гвардиола, а потоа тие губат 10 натпревари и одеднаш има постојани критики. Фактот дека имале помалку од добра сезона не значи ништо. Пеп Гвардиола е сè уште најдобриот тренер во светот.“ рече тренерот на ПСЖ на официјалната прес конференција пред утрешното финале.

FOTO PSG FACEBOOK

 

ПретходноНова промоција во Куманово: Башкими се пофали со репрезентативец на Авганистан!(ВИДЕО)
СледноЕве како Пеп знае да “лудува“ на концерт! (ВИДЕО)