И официјално и дефинитивно, веднаш по мечот со ПСЖ од полуфиналето на СКП во САД, Лука Модриќ не е веќе член на Реал Мадрид. По цели 13 сезони минати во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, сега има нов предизвик пред себе, а тоа е Милан каде ќе ја продолжи својата блескава кариера.
Како што вечерва пренесуваат медиумите во Италија, Лука во понеделник ќе ги има лекарските прегледи, па потоа ќе се случи и официјалната промоција.
Инаку интересно е тоа што Хрватот по дебаклот од ПСЖ, на неговиот последен меч како член на “кралевите“ направил вистински хаос во соблекувалната.
Имено тој имал што да им каже на Винисиус и Белингем, со оглед на тоа дека и двајцата на тој меч не го дале својот максимум, најблаго кажано.
ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ