Како што и беше најавено, Енис Барди својата кариера ќе ја продолжи во Коњаспор, во клубот кој се натпреварува во турската Суперлига. По заминувањето од Бодрум, нашиот репрезентативен капитен имаше повеќе понуди, но тој се одлучи да остане во Турција и да ја прифати понудата на Коњаспор, клуб кој попладнево во голем стил го промовираше своето ново засилување од Македонија.
Барди и Коњаспор потпишаа на две години, а престижната „десетка“, ќе биде негова.
Со овој потег Коњаспор на најдобар можен начин покажува како засилување успеала да ангажира.
ФОТО: ФЦ Коњаспор/ФБ