Пријателска: Струга ТЛ со убедлив триумф среде Битола!

270

Попладнево на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, во пријателски натпревар, Струга ТЛ со 1:3 го победи домашниот состав на Пелистер.Ова значи дека ова е прва победа на новиот стратег на стружани, Бледи Шкеби во втората контрола ова лето.

Стружани поведоа со голот на Радески уште во 2.минута,водството го удвои Зенку во 24.минута, а домашните намалија на 1:2 во 29.минута со голот на Ивановски.

Во финишот на средбата, во таа 88.минута, Струга ТЛ со голот на Османи ги постави конечните 1:3.

Инаку ова беше прва контрола за битолчани во текот на овие летни подготовки.

ПретходноВимблдон ова го нема видено од 1911 година: Швјонтек испиша историја, во финалето славеше со 6:0 и 6:0 против Анисимова!
СледноНегова е “десетката“: Барди и официјално во Коњаспор! (ФОТО)