Ракометарките убедливо поразени и од Чешка

14

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија го запиша и третиот пораз на Европското првенство во Црна Гора.

Избраничките на Симе Симевски беа поразени од Чешка со убедливи 41-24 во последниот меч од групната фаза. Миленкоска и Тодоровска дадоа по пет погодоци, додека Гошевска имаше 12 интервенции.

Противникот отвори со 10-2, позитива со која замина на одморот (18-10). Набрзо во вториот дел Чешка дојде до двоцифрена позитива (23-13). Македонија ќе разигрува за пласман од 12 до 24 место.

ПретходноСимева ја одбрани шампионската титула
СледноСудија од Иран ќе биде главен на финалето помеѓу Челзи и ПСЖ