РК Пелистер 2 потпиша со големиот талент Илијевски! (ФОТО)

34

Вечерва РК Пелистер 2 се пофали дека успеал да го ангажира големиот талент Илија Илиевски. Се работи за момче од 15 години и потпишан е договор на четири години.

Илија е висок 202 см, а доаѓа од Вардар Неготино.

Новиот „џин“ ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на почетокот на подготовките за сезоната во која вториот тим на битолскиот клуб одново ќе игра во елитната наша ракометна лига.

ФОТО: РК Пелистер 2/ФБ

ПретходноУ-20: Македонија и со втор убедлив пораз, вечерва и од Австрија!
СледноЛука Модриќ во понеделник на лекарски во Милано, а по мечот со ПСЖ направил хаос во соблекувалната на Реал!