Симева ја одбрани шампионската титула

23

Александра Симева ја одбрани шампионска титула откако во денешеното финале од Државното првенство ја совлада Теона Андова со 2-1 во сетови (57 61 63). Симева во финалето кое се играше на терените на ТК Југ успеа да направи пресврт и по водството на ривалката со 1-0 во сетови ги доби следните два и притоа на Андова и препушти само четири гема во двата сета. Симева на овој начин и се реваншираше на Андова за поразот во полуфиналето во 2023 година.

За Александра Симева ова е вкупно петта титула шампионка на Македонија откако претходно победуваше во 2019, 2020, 2022 и 2024 година, додека финалистката Андова шампинската титула ја освои во 2023 година.

Во конкуренција на двојки кај мажите титулата ја одбранија Берк Бугариќ и Елдин Хусеиновиќ, кои со 2-0 во сетови во финалето ги совладаа Кристијан Јанев и Ерион Незири.

Утре со почеток во 9:30 часот се игра машкото финале меѓу Дејвис куп репрезентативците на Македонија Берк Бугариќ и Кристијан Јанев. Во полуфиналето денеска Бугариќ го совлада Стефан Мицов со 2-0 во сетови, додека Јанев беше поуспешен од Горјан Вукиќевиќ со 2-1 во сетови.

ПретходноТилман официјално во Баер, клубот го сруши сопствениот трансфер рекорд
СледноРакометарките убедливо поразени и од Чешка