Утре од 21 часот е закажано финалето на СКП кое се игра на “МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси, а во него се среќаваат ПСЖ и Челзи. Интересно е тоа што во исто време на улиците на Париз ќе бидат распоредени дури 11.500 полицајци и припадници на специјално обезбедубање.
Звучи неверојатно, но властите во Франција имаат намера да спречат поголеми инциденти како што тоа беше случај за време на финалето и по него во ЛШ, кога ПСЖ го победи Интер со 5:0, а по улиците на Париз имаше од се по нешто.
Од еуфорија до грабежи, палење на автомибили, судири со припадниците на полицијата.
Дали тие 11.500 полицајци ќе спречат да се повторат тие сцени, останува да се види утре вечер.
ФОТО: ФЦ ПСГ/ФБ