Сараево е најголемот и најпознат клуб во БиХ. Некогашен двоен шампион и во некогашна СФРЈ. Сараево важи за еден од најголемите клубови на овие простори, и овие денови, овој клуб полека но, сиурно станува по малку и “МАКЕДОНСКИ“.
Како прво Крсте Велкоски беше назначен за спортски директор, и тоа како голема клупска легенда. А на Велкоски една од првите работни задачи во своето Сараево му беше да го донесе Стефан Ристовски, еден од нашите најдобри фудбалери и репрезентативци во изминатата деценија. И во тоа успеа.
Стефан од Динамо Загреб се пресели во Сараево.
Дека задоволство од овој трансфер има и кај двајцата тоа убаво се гледа од фотографијата каде што и двајцата задоволно се смешкаат.
Токму затоа ова фото на која Крсте го промовира Стефа, за нас е фото на денот.
Останува да се види дали набргу новиот спортски директор на Сараево ќе го заврши и трансферот на уште еден македонски репрезентативец, оној најавен на Агон Елези.
ФОТО: ФК Сараево/ФБ