Џирона ја постави цената за Миовски: Селтик и два германски тима се во игра

201

Селтик останува сериозно заинтересиран да го врати Бојан Миовски во шкотската Премиер лига , но сега се соочува со силна конкуренција од Германија. Фрајбург и повратникот во Бундеслигата, Хамбург исто така се заинтересуирани за македонскиот репрезентативец.

Миовски беше клучен играч за Абердин, постигнувајќи 44 гола на 98 натпревари пред да се пресели во Џирона минатата година. Сепак, неговиот престој во Шпанија не одеше како што треба, па Џирона сега е отворена за продажба на Миовски. Неколку клубови низ Европа внимателно го следат трансфер пазарот во Ла Лига, а Селтик прв покажа сериозен интерес да го врати Македонецот во Шкотска.

Германски Фрајбург има искуство во развојот на играчи, додека Хамбург се враќа во Бундеслигата по седумгодишно отсуство и се стреми да го засили својот состав. И двата клуба имаат поддршка и амбиција да се натпреваруваат за потписот на Миовски. Се верува дека Џирона за Миовски сака да ја добие сумата која му ја плати на Абердин минатото лето, но со оглед на тоа што неговата форма опаѓа, се смета дека цената на Миовски е околу 2,5 милиони фунти. Тоа би била сосема разумна цена за Селтик, но ќе мора брзо да реагираат.

ПретходноБашкими од утре на подготовки во Бугарија, закажа и три контроли
СледноИранецот Фагани ќе го суди финалето меѓу ПСЖ и Челзи