Екипата на Македонија ЃП полека го комплетира составот за следната овојпат ПМФЛ сезона.
Тимот од Ѓорче Петров доведе неколку квалитетни домашни засилувања, од типот на Јанков, Елмас, Талаков, а сега се врти и на интернационалниот пазар.
Првото надворешно засилување за екипата ќе биде стоперот од Србија, Алекса Јовановиќ.
Некогашниот младински репрезентативец на Србија последно има настапувано за тимот на Графичар, а бил дел и од Инџија, Раднички Ниш и Бор.
Има 26. години и е висок 191 сантиметар.