Фарук Бихорац (29) е третиот нов фудбалер од денеска во Башкими. По Адекунле и Ахади, вечерва кумановци го претставија и дефанзивецот од Србија, Фарук Бихорац.
За него Македонија, односно ПМФЛ е позната дестинација, ако се знае дека пред неколку години играше во Академија Пандев и Силекс.
Покрај како стопер, Бихорац може да игра и како дефанзивен играч за врска.
ФОТО: КФ Башкими