Голема победа за машката репрезентација на Македонија до 19 години во Бања Лука, која со пресврт 2:3 (25:16, 25:21, 32:34, 15:25, 13:15) ја совлада Грција во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место на БВА Балканскиот шампионат.
Клучен беше третиот сет, кој по голема борба Македонија го доби на разлика, 34:32, а потоа и комплетно се врати во натпреварот, кој го доби во тај-брејк.
Македонија утре ќе се соочи со Црна Гора во натпреварот за 5. место.