Мосафер Ахади (25), репрезентативец на Авганистан е најновото засилување во таборот на Башкими. Тој за својата селекција од 2023 година одиграл 14 меча а во Куманово доаѓа од Финска, од тимот на Јапс. Претходно играл и за клубови во својата земја, како и на Малта, а некогаш бил член и на Хелсинки, најголемиот клуб во Финска.
Сега веќе раководството на Башкими, повратникот во нашата елитна фудбалска лига покажува дека и дефинитивно не се шегува.
Попладнево кумановци промовираа одличен напаѓач од Нигерија, а потоа и репрезентативец на Авганистан.
Инаку овој трансфер СпортСпорт го најави уште минатата недела.
ФОТО: КФ Башкими/ФБ